Многу се декоративни и вкусни …
Потребно е:
за тестото:
280 гр остро брашно
250 гр маргарин, на собна температура
3 жолчки
50 гр шеќер
1 ванилин шеќер
за целувките:
3 белки
200 гр шеќер во прав
мармалад, за спојување
Подготовка:
– Во еден подлабок сад ставете ги брашното, маргаринот, жолчките, шеќерот и ванилиниот шеќер и замесете тесто.
– Малку набрашнете ја работната површина, тестото покријте го со пластична фолија за да не се лепи и развлечете го со дебелина околу 1/2 см.
– Со мала чаша или пак со калап вадете облици од тестото и наредете ги во тава обложена со хартија за печење.
– Ставете да се печат во загреана рерна на 170 целзиусови степени околу 10 минути.
– Преминете на подготовката на целувките. Изматете ги белките во густ шлаг. Потоа постепено додека матите додавајте го шеќерот.
– Шлагот ставете го во готварска кеса за украсување или готварски шприц.
– Печените бисквити извадете ги од рерна и веднаш истиснете на нив од шлагот. Потоа вратете ги повторно во рерна загреана на 130 степени и допечете ги уште 20 минути.
– Печените бисквити оставете да се изпадат, а потоа по два спојувајте ги со мармалад (видете ја сликата).