Анкета што ја спроведоа сингапурските здравствени власти покажала дека во државата со голем број нај нај епитети, не оди се најдобро кога е во прашање интимниот живот на Сингапурците.
Угледниот „Стрејт тајмс“ пренесе дека една третина од Сингапурците имаат сексуални односи помалку од еднаш месечно, а под нивото за кое се смета нормално, најмалку еднаш неделно или барем на десет дена, се уште третина од анкетираните.
Доктор Колин Тео, шеф на сингапурското здружение за ментално здравје, изјави дека резултатите се последица на дисфункционалноста предизвикана од стресови, но и од се помасовните примери во едно семејство да живеат повеќе генерации.
Докторот Тео најави широка кампања за заголемување на процентот на интимни односи меѓу Сингапурците, а во центарот на кампањата ќе бидат пораките дека не е срамота за проблемите во интимните односи брачните партнери да побараат совети од лекари.