Секс-шопови, порно кабини и кабареа во центарот на Прага

Од:

Главниот чешки град, Прага постојано се споменува како место во кое во вечерните часови се буди посебна „еротска фауна“, во која се вклучуваат безброј мажи, Чеси и голем број на странци, јави дописникот на МИА.

Во срцето на метрополата се нудат секс-шопови со кабини во кои за малку пари гостите можат да поминат цела ноќ гледајќи порно канали, како и еротски кабареа во кои едвај полнолетни танчерки ги мамат минувачите, се вели во една од репортажите на чешкиот весник „Право“.

Заедно со полицијата, репортерите посетиле дел од куќите кои не се означени со никакви натписи туку имаат само црвено светло на влезната врата.

Двоспратната куќа, во самиот центар на градот, „крие“ луксузно опремени соби, зад чии врати чекаат млади проститутки, додека само неколкуметри понатаму ненападниот секс-шоп однадвор изгледа како секоја продавница за возрасни.

Од ходникот пак, вратата веќе води кон просторот полн со темни кабини, однадвор излепени со еротски плакати.

Кабините внатре имаат телевизор и една обична дрвена столица, а за оние кои сакаат во друштво да ги следат еротските филмови има две столици.

Правилата за следење на порно филмови не се комплицирани. Единствено, што е забрането е, спиењето.

Меѓу гостите редовно има и жени, а филмовите кои одат на шеснаесет канали се менуваат секој ден.

– Работиме вака веќе 13 години. Секогаш од девет наутро до шест сабајле. Трите часа пауза ни се потребни за чистење. Тоа е потребно, бидејќи некогаш наоѓаме грозни работи. Влезот е 130 круни (5,2 евра) и муштериите тука можат да останат цела ноќ, вели жената која го води секс-шопот.

Според полицијата, овој секс-шоп е уникатен поради ниската цена и честите контроли редовно откриваат тука луѓе кои немаат регулиран престој и бегаат пред законот.

Во центарот на Прага има и луксузни барови каде се нуди еротика и сексуални услуги за многу повеќе пари.

Атмосферата и ентериерот во таквите клубови е кабаретска, а девојките иако оскудно облечени многу добро изгледаат, се вели во репортажата од ноќната чешка метропола.

Веднаш до нив, како по правило има навидум обични приватни куќи со црвено светло, каде полицијата може да влезе само со налог или со итрина, пуштајќи колеги во цивил да влезат први.

– Нашите службеници од разни оддели доаѓаат тука во редовни контроли. За нас, е важно да имаме постојан преглед, а со тоа да бидеме способни да реагираме во секој момент, кога се пречекорува законот, како и моралните вредности. Во соработка со полицијата, веќе откривме и спречивме случај на нудење на проститутки во излози, вели Вероника Блажкова, портпарол на општината Прага 1.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска