Седумдесетгодишна бабичка го обиколи светот со јахта за 259 дена

Од:

Седумдесетгодишната бабичка Џин Сократес од гратчето Илинг, во Велика Британија, стана најстарата жена која сама го преплови светот без пауза, и тоа во третиот обид.

Сократес на долгото патување тргнала од Викторија, во Канада, во октомври минатата година.

Таа ја продала семејната куќа за да се соочи со огромниот предизвик, по смртта на нејзиниот сопруг, од кого во педесетите години од животот научила да едри.

Поранешната професорка по математика станала капетан, навигатор, инженер и готвач на нејзината јахта „Нереида“.
Дури од третиот обид оваа одлучна жена успеала да го преплови светот. По 259 дена на море стана најстарата жена која непрекинато патувала по светот.

Оваа баба на три внучиња сега чека комисија да го потврди светскиот рекорд. Таа вели дека нејзината мисија е голема победа за постарите луѓе.

-Јас сум најстарата која успеала во ова. Кој уште би бил толку луд ова да го направи? Штом некому му ги споменете своите години луѓето почнуваат да ве етикетираат како престар и безвреден. Ние тоа не треба да бидеме – ние не сме поинакви од кој било друг, вели таа.

„Многу птици ми правеа друштво – многу албатроси млади и стари приоѓаа до бродот. Уживав во многу контакти што ги воспоставив преку радио со луѓе од различни земји од кои сите му дадоа поддршка“.

Госпоѓа Сократес првпат се обидела да го преплови светот без пауза во новември 2009 година, но била принудена да застане во Кејптаун за да го промени моторот. Вториот пат, во октоври 2010 година нејзиниот брод беше оштетен во була кај Кејп Хорн. Третиот пат беше успешен.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска