Седум руски чуда

Од:

Неколку руски телевизиски и радио станици пред неколку години организирале гласање за чудата во Русија. Секој жител на Русија можеше да учествува во гласањето кое се спроведе преку Интернет и со СМС. Следува нивниот избор:

Бајкалско Езеро

Бајкал се наоѓа во источниот дел на Сибир и се смета за најдлабоко езеро, но и најголем резервоар на свежа вода во светот. Длабоко е 1.500 метри, а бојата на водата и покрај неговата длабочина е многу бистра и сина.

Долина на гејзерите

Долината се наоѓа на Камчатка, а интересна е заради стотина активни и атрактивни гејзери. Беше рангирана на листата на светското наследство на УНЕСКО.

Споменик на татковината

Овој голем споменик бил изграден во ’50 години на минатиот век во Волгоград во чест на сите војници кои го изгубиле животот во Втората светска војна. Споменикот е поместен во Гинисовата книга на рекорди и дури два пати е повисок од Статутата на слободата во Њујорк.

Петерхоф

Ова место е изградено по наредба на Петар Први на почетокот на 17. век и се наоѓа во непосредна близина на Санкт Петерсбург. Поради изобилството на зеленило, вода, злато и прекрасна архитектура се смета за топ атракција во туристичките понуди на Русија.

Катедралата на Василиј Блажениот 

Катедралата се наоѓа на Црвениот плоштад, а е препознатлива по своите куполи и бои. Изградена е во периодот меѓу 1555 и 1561 година во чест на победата на царот Иван Грозни над Монголците.

Столбови на Комската Република

Никој не е сигурен во тоа кога точно настанале, но научниците се согласуваат со едно – дека само природата може да направи нешто такво. Се проценува дека настанале пред 200 милиони години, а нивната висина е 42 метри.

Елбрус

Највисоката точка на Русија, а според некои и највисокиот врв на Европа. Преполн е со туристи и љубители на скијањето и зимските спортови. Неговата висината е 5.600 метри.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска