Седум банални работи кои во Русија не смеете да ги правите по цена на живот

Од:

На Мадагаскар децата не смеат да го изговорат името на својот татко или да спомнат кој било дел од неговото тело. На Тајван пак незамисливо е да се пишуваат пораки со црвено пенкало.

Според книгата на Ричард Луис, „Кога културите се судираа: Водич меѓу културите“, следниот пат кога ќе ја посетите Русија важно е да ги имате предвид овие седум работи:

1. Не носете капут во затворен простор

Се смета за лош манир да се носи капут во затворен простор. Дури и ако греењето не работи, откопчајте се и веднаш закачете го капутот.

2. Не ги држете рацете во џебовите

Лошо е да одите или да стоите со рацете во џебови. Сакате да работите во Русија, држете ги рацете видливи и избегнувајте да изгледате неуредно.

3. Не седете со раширени нозе

Освен тоа, ни случајно не ги покажувајте чевлите од долу и не го допирајте столот, бидејќи чевлите се сметаат за нечисти.

4. Не свиркајте на улица

Свиркањето на улица и во затворен простор, предизвикува одвратност. Играјте на сигурно, а свиркањето целосно избегнувајте го.

5. Не јадете на тревници по парковите

Без оглед на тоа колку е убаво времето, заборавете ги пикниците.

6. Не прашувајте луѓе каде има тоалет

Многу е лошо однесувањето ако прашувате луѓе каде е тоалетот, посебно за тие од спротивниот пол.

7. Не се ракувајте преку прагот на домот

Русите се познати како многу празноверен народ. Се смета за несреќа да се ракуваш преку прагот. Затоа зачувајте го својот срдечен поздрав со стискање на дланката додека не влезете во затворен простор. Освен тоа, непристојно е да се ракувате со жени, освен ако тие први не ви пружат рака.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска