Манастирот на древните капучински татковци во италијанската општина Сансеполкро го најави своето затворање, откако главната калуѓерка одлучи да го напушти манастирскиот живот. Поточно, таа се заљуби и заминува, а бидејќи не можат да најдат замена во манастирот, ќе треба да го затворат, пишува La Repubblica.
Сестрата Марија Тереза Саченте (40) ја прекина љaубовната врска, но не сака да го продолжи својот живот како калуѓерка.
„Она поради што страдам ќе ме одбележи за цел живот и ќе ми биде тешко во иднина да имам било каква врска со Црквата“, изјави таа за италијанските медиуми.
Таа додаде дека луѓето се тажни поради затворањето на манастирот како што е и таа. Манастирот е отворен уште во 1611 година и во моментот се сместени една осумдесетгодишна калуѓерка и две нови калуѓерки.
Не е објавено дали главната сестра одлучила да се повлече по своја иницијатива. На прашањето на медиумите дали причината е „приказна за срцето“, таа одговори: „Тие сакаат да го кажат тоа на тој начин, а тоа е многу покомплицирано отколку што изгледа“.