Ужасната смрт на Џон Сноу ги шокираше љубителите на серијата „Game od Thrones“ поради што многумина веќе предвидуваат дека еден од најсаканите ликови ќе се врати во следната сезона.
Ликот кој во серијата го игра 28-годишниот Кит Харингтон беше избоден со ножеви од припадниците на „Ноќната стража“, но за многумина доаѓањето на Мелисандра влева надеж дека Сноу со нејзина помош ќе „оживее“ во шестата сезона.
Меѓутоа, неодамнешните коментари на режисерот Дејвид Натер не оставаат многу место за надеж.
Во интервју за магазинот Variety, Натер вели:
– Можам да кажам дека Џон Сноу дефинитивно е мртов. Кит Харингтон е прекрасен лик но кажано му е да ја напушти екипата. Тоа беше премногу емотивно. Но, мислам дека настаните мора брзо да се случуваат, така што ќе шокираат и ќе бидат неочекувани. Не сакав да одолговлекувам, сакав да ве изненадам. Џон Сноу е мртов,рече тој.
На сите, кои тврдат дека книгата остава многу место за сомневање во ваквата изјава, Натер им порача:
– Не сум ја прочитал книгата. Како режисер, сценариото ми е Библија. Не можам да разлислувам за тоа што има во книгата, а што не.
И Харингтон тврди дека неговата улога во „Игра на престолите“ е завршена.
– Не доаѓам во следната сезона. Тоа е се што можам да ви кажам, изјави за Entertainment Weekly.