Новата мапа што ја објави Американскиот геолошки институт (USGS) покажа дека највисокиот врв во оваа земја, Макинли, не е висок колку што претходно се мислеше.
Новата технологија користена во истражувањето, покажа дека оваа планина на Аљаска, позната и као Денали, е висока 6.168 метриа, што е за 25 метри помалку од досега признатите 6.193 метри, колку што истражувачите мислеа дека има.
Новите податоци се резултат на истражувањето спроведено во 2012 година со помош на ИфСАР радар, технологија што е дизајнирана да ги следи и најмалите географски промени.
Последното објавено мерење било извршено во далечната 1952 година.
Во извештајот објавен на сајтот, УСГС вели дека станува збор за промени што ги предизвикала или климата или се последица на претходното лошо мерење.
Првите луѓе кои го освоиле Макинли се четворица аматери предводени од Петер Андерсон и Били Тејлор, кои тоа го сториле во 1910 година, носејќи со собе крофни и топло чоколадо. Експедицијата „Кисело тесто“ наводно била организирана од инает за локалниот сопственик на бар кој кажал дека никој не може да се искачи на планината. Меѓутоа, многумина се сомневале дека екипата навистина успеала во намерата.
Планината го добила називот според претседателскиот кандидат Вилијам Макинли, кој станал 25. американски претседател.