Сè што се пишува во Ватс-ап групите е достапно на Гугл-пребарувачите

Од:

Групните Ватс-ап разговори може да се најдат и на пребарувачите, што може да биде проблем, оти корисниците обично и не знаат дека преписката е јавно достапна.

Штом некој ќе влезе во разговорот, посебно ако дошол до линкот преку пребарувач, а не е „поканет”, може да ги види сите пораки во групата и сите броеви кои учествуваат во неа.

И ако некој во Ватс-ап групата сака да додаде некого, само треба да му го испрати линкот од групата. Тој линк може да се објави и на која било јавна интернет-страница. Во тој случај, Гугл го додава во својот индекс на пребарување. Така, секој ќе има пристап до тој групен разговор.

Од Ватс-ап велат дека оваа функција работи токму како што треба и оти не се работи за грешка. Ги советуваат корисниците да внимаваат каде ги споделуваат линковите кон групните разговори.

Би можело да ве интересира

Падна Ватсап, милијарди корисници не можат да праќаат пораки

Ана Ололовска

Гугл ќе ја брише историјата на локација на оние кои ги посетуваат клиниките за абортус

Ана Ололовска

Мексико го казни Гугл со речиси 240 милиони долари

Ана Ололовска

Гугл го блокираше каналот Дума ТВ на Јутјуб

Ана Ололовска

Телеграм го надмина Вотс ап според бројот на корисници во Русија

А1он

Германските медиуми незадоволни од понудата на Гугл за користење на содржините

Ана Ололовска