Се што морате да видите кога ќе ја посетите Гана

Од:

Без разлика дали станува збор за прва посета на Гана или нејзините природни убавини ве намамиле повторно да ја посетите, има многу нешта, кои треба да се видат и доживеат во оваа земја.

Над еден милион туристи секоја година ја посетуваат Гана, а тропската клима, која во оваа земја е присутна цела година го прави овој регион популарна десетинација за вљубениците во дивината и природата.

Следуваат десетинациите, кои морате да ги посетите во Гана:

Пазарот Кејетиа

Сместен е во самиот центар на Кумасиа и за овој пазар се говори дека е најголем во Западна Африка. Со 11 илјади штандови и над 40 илјади работници, ова е навистина посебен град со неверојатен биоритам. Тука ќе најдете се од сандали до традиционална храна. Иако е голем сепак не привлекува премногу туристи, така што продавачите често пати се изненадени од посетата на странците.

Дворецот Кејп Коуст

Овој дворец со бела фасада се наоѓа во самото срце на Кејп Коуст и претставува вистинско историско чудо, кое ниту денес не е целосно истражено. Затворите и просториите за робови се местата, кои задолжително морате да ги посетите, бидејќи во нив се наоѓаат оригинални справи за тортура.

Националниот парк Какум

Доколку ве интересира дивината на Гана, националниот парк Какум е вистинското место. Оваа прашума е дом за загрозени видови на шумски слонови, 300 видови на птици, мајмуните колобук и на околу 600 видови пеперутки.  Вистинска атракција е и висечкиот мост, кој се наоѓа на 40 метри височина.

Искусете вистински Кумаси вуду обред

Се почнува со тура по музејот посветен на практикување вуду обичаи кај племето Кумаи, а завршува со вистински вуду обред. Локалните свештеници пред вас ќе изведат вистински обред, кој завршува со танц на танцувачи облечени во костими.

Националниот парк Моле

Овој национален парк е најголем и најдобро опремен резерват во државата, а посетителите во него лесно можат да видат слонови и антилопи. Хиените и лавовите исто така се присутни.

Селото Нзулезу

Ова единствено село најдобро е да го посетите за време на дождовната сезона, кога нивото на водата е многу повисоко од сушниот период. Оваа заедница куќите ги изградила на самата вода, сместена на дрвени столбови во подрачјето, кое е богато со птици и останати животни. Најдобар начин да дојдете до селото е да се спуштите низ реката со кану.

Бусуа

Гана има и преубави плажи, на кои можете да уживате во сонце и преубави коктели. Рестораните со морска храна и популарните сурферски локации се она што тука е едноставно извонредно.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска