Италијанската држава го стави на тендер за продажба островот Повелија во венецијанската лагуна, кој е познат како „остров на духови“, јави ДПА.
Победникот на тендерот ќе добие лиценца за владение со островот во следните 99 години.
Островот Повелија се наоѓа меѓу историскиот центар на Венеција и островот Лидо ди Венеција.
– Сакаме островот да остане достапен за луѓето, а да се претвори во последниот остров што е даден на некој меѓународен синџир на хотели, наведе на својата страница на Фејсбук асоцијацијата „Повелија за сите“, која сака да победи на тендерот за лиценца врз островот.
Асоцијацијата бара од луѓето кои ја поддржуваат нејзината идеја за откупување на лиценцата за островот за следните 99 години, да придонесат за неа со најмалку 99 евра.
Ако асоцијацијата победи на тендерот таа ќе организира отворено собрание, на кое ќе се реши како островот да се развива. Асоцијацијата, меѓутоа, уште од сега подвлекува дека каков и да било објект да се отвора на островот, тој ќе биде од нестопанска дејност.
Повелија почнува да се празни од луѓе во текот на втората половина на 70-те години на минатиот век. Пред тоа таму имало болница, а во далечното минато на островот во изолација биле ставени болните од чума.
Се тврди дека Венецијанците одбегнуваат да го посетуваат ова место затоа што тоа било „полно со духови“.
Кампањата на асоцијацијата „Повелија за сите“ за победа на тендерот почна вчера. Засега не е познато колку пари се собрани. Но, асоцијацијата располага со 20.000 евра депозит, неопходен за учество на тендерот.
На 6 мај ќе биде објави списокот со петте најдобри понуди.
Властите изјавуваат дека асоцијацијата „Повелија за сите“ нема да биде привилегирана на ниту еден начин.