Се најавува решение на мистеријата за која светот зборува 35 години, кој ја уби Тара?

Од:

Трагичната приказна за Тара Калико деновиве конечно треба да добие епилог. Имено, по речиси 35 години од нејзиното киднапирање, американските детективи открија дека се подготвуваат да ги уапсат осомничените, објави порталот The Sun, чии новинари добија потврда за информацијата директно од американската полиција.

Да потсетиме, 19-годишната Тара Калико исчезна додека возеше велосипед во Ново Мексико на 30 септември 1988 година, а нејзиното исчезнување набрзо беше поврзано со вознемирувачка фотографија пронајдена на паркинг на Флорида во август 1989 година.

Потресната глетка го наметна заклучокот дека некој ги заврзал девојката и момчето во задниот дел од неговото комбе, а кога фотографијата му била покажана на семејството Калико, мајката Пети Доел заклучила дека таа навистина ја гледа нејзината Тара.

Три децении таа фотографија беше извор на надеж и страдање, иако различни агенти беа поделени околу тоа кого и што точно прикажува фотографијата.

„Институциите за спроведување на законот веруваат дека успеале да ги идентификуваат сторителите поврзани со исчезнувањето на Тара Калико“, потврдил за новинарите на „Сан“ поручник Џозеф Роуланд, агент во канцеларијата на шерифот на округот Валенсија.

Роуланд додаде дека се пронајдени нови докази кои произлегуваат од истражната работа што започна во октомври 2020 година и нагласи дека Окружното обвинителство назначило тим од обвинители да изврши преглед на истрагата.

Полицијата засега ги задржа имињата на осомничените, а поручникот Роуланд рече дека детективите ќе продолжат да бараат од јавноста какви било дополнителни информации за исчезнувањето на Тара.

Патем, Мелинда Ескибел, поранешна соученичка на Тара, со години и години го истражуваше исчезнувањето на Тара и го опиша случајот како „огромна неправда“.

Мелинда еднаш рече дека, според нејзините сознанија, Тара била следена од група локални момчиња откако таа одбила состанок со едно од нив.

Истовремено, таа изрази уверување дека тинејџерката била убиена истата вечер кога исчезнала, додавајќи дека била закопана на само 32 километри од местото каде што била убиена.

За познатата фотографија, Мелинда минатата година во интервју за The Sun изјави: „Знам дека семејството долго време веруваше дека тоа би можело да биде таа, но информациите што ги собрав покажаа дека девојката на фотографијата не може да биде Тара.

Тара последен пат била видена како вози по автопатот околу 11:45 часот, а сведоците подоцна ѝ кажале на полицијата дека виделе како ја следи пикап Форд со светла боја.

Девојчето ја замолило мајка си да ја земе тој ден доколку не се врати до 12 часот, а откако исчезнала, нејзината мајка Пети тргнала да ја бара по рутата и потоа повикала полиција на помош.

19-годишната девојка никогаш повеќе не била видена, а биле пронајдени само делови од нејзиниот Sony Walkman и касета.

Во 2019 година, ФБИ објави награда од 20.000 долари за информација која би можела да биде корисна за решавање на случајот, а наскоро ќе стане јасно дали приватната истрага на Мелинда имала смисла, односно дали локалните млади навистина биле тие што ја обориле Тара од велосипедот пред да ја киднапираат и убијат.

Што се однесува до фотографијата, прашање е дали некогаш ќе се утврди кои се младите на неа.

Во текот на изминатите три децении многу луѓе зборуваа за овој случај, а своевремено во својата емисија го спомна и славната Опра Винфри.

Родителите на Тара во меѓувреме починале.

Би можело да ве интересира

Во САД има се повеќе „сајбер киднапирање“: Последната жртва е млад Кинез

Паунов до Спасовски: Наместо брза реакција демантиравте, со нервоза и потење пред камери граѓаните не се чувствуваат безбедни

Спасовски: Уапсен е извршителот на убиствата, сторивме се за фаќање на овој монструм

Александар Тодески

Љупчо Палевски уапсен во Турција

Александар Тодески

Заврши исказот на таткото на Вања: Негира дека давал информации на Палевски

Александар Тодески

Пријавен обид за грабнување деца од училиште во Карбинци

Анита Петровска Рајковиќ