Сателитот „Римув Дебрис“ првпат во Вселената ја исфрли својата мрежа, која има функција да го собира отпадот што се наоѓа во земјината Орбита, јави Би-Би-Си.
Мрежата беше успешно исфрлена, а за тоа сателитот користи и еден голем своевиден „харпун“ што ќе може да ги раздроби поголемите парчиња ѓубре, што веќе се делумно и распаднати.
Научниците се задоволни и нагласуваат дека мрежата одлично си ја врши работата.
Проценките говорат дека во земјината орбита има приближжно 7.500 тони отпад од стари ракети, сателити и алатки што им испаѓале на астронаутите.