Сашко Коцев: Нема рецепт каков филм ни е потребен за Оскар

Од:

Македонскиот актер Сашко Коцев кој ја игра главната улога во најновиот македонски филм „Трето полувреме“ за А1 рече дека филмот не е направен за да покаже со прст какви се Бугарите и покрај многубројните реакции од Бугарија и нејзините политичари поврзани со филмот и неговата содржина.

„Не мислам дека филмот е напишан за да ги покаже со прст какви се Бугарите. Филмот е напишан за да видиме каква била Македонија во тој период и под чија окупација била. Тоа е историски факт и нормално е дека на нив тоа им пречи и тие како држава се срамат од тоа што го направиле.

– Но не мислам дека режисерот Дарко Митрески го напишал филмот со некоја политичка позадина“, рече Коцев.

Коцев се надева дека „Трето полувреме“ ќе се најде меѓу петте филмови, од неанглиско говорно подрачје, кандидати за Оскар, но оти нема рецепт каков филм е потребен за таков нешто.

„Нема рецепт каков филм ни е потребен за Оскар, бидејки секоја година те демантираат, и се појаува нешто друго.

– Оскарот е нешто слично како Евровизија каде нема рецепт каква песна е потребна за успех. Сите би сакале да се појавиме на тој Црвен тепих и таму да пишува Македонија и дека „Трето полувреме“ е филм од Македонија, макар само да се појавиме“, рече Коцев.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата