Потребно е:
1 кг блитва
1 поголем морков, изрендан
400 гр домати, изрендани
250 гр ориз
1 лажица мелен сув зачин
1 главица кромид
маслиново масло
сол, бибер
нане
Подготовка:
– Листовите блитва убаво измијте ги и исечете ги дршките. Попарете ги со врела вода и веднаш измијте ги со ладна вода.
– Сите останати состојки измешајте ги заедно. Земајте од филот и ставете на секој лист. Замотајте ги сармите.
– Направените сарми наредете ги во тенџере во кое прво на дното сте ставиле неколку листови блитва. Во тенџерето сипете 2 чаши вода и малку маслиново масло.
– Поклопете го тенџерето и оставете ги да се варат на средна температура 40-45 минути, додека да испари целата течност.