Сараевските ќебапи го чекаат Роберт де Ниро

Од:

Еден од најпознатите актери во светот, Роберт де Ниро доаѓа во Сараево на 14 јули за формално да го затвори Сараевскиот филмски фестивал.

Саревчани, како и бројните гости на фестивалот со нетрпение ја очекуваат средбата со холивудската легенда.

Тој веќе неколку пати ја има посетено поранешна Југославија, секогаш заминувајќи со убави спомени поради топлата гостопримлива душа на Балканот.

Воодушевен од делата Иво Андриќ, посебно „Мостот на Дрина“, Де Ниро својата ќерка ја крстил токму со името Дрина, а за дадилка и ангажирал жена од Србија.

Дури и еден од неогашните негови телохранители беше човек од поранешна Југославија.

Холивудската ѕвезда Роберт Де Ниро ќе престојува во хотелот „Европа“ а домаќините планираат веднаш да го однесат во сараевската чаршија каде што го чекаат познатите ќебапчиња, сараевските пити и суџукот.

„Тој е еден сосема скромен обичен човек. Не сака публицитет, гламур, црвен тепих, рефлектори и гужва, туку мирна, топла и скромна атмосфера во некоја мала кафана каде што луѓето нема да го оптоваруваат со нападни комплименти и безброј прашања во врска со неговата кариера и филмовите“, вели еден негов пријател од Сараево кој со душа го чека ручекот со Де Ниро.

Скромноста и едноставноста на Роберт де Ниро се покажаа и кога тој гостуваше во Белград. Наместо во хотелите со 5 ѕвезди, тој најголемиот дел од своето време го помина во студентскиот дом, покрај студентите со пиво во рака и гитара.

 

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата