Сараевската чајџилница „Франц и Софи“ меѓу најдобрите на светот

Од:

Сараевската чалџилница Светот на чајот „Франц и Софи” е вброена меѓу десетте отсто најуспешни локали на светот, спопред оценките на туристите на веб страницата за планирање и осмислување на патувањата ТрипАдвисор.

Додека минувате долж Петракината улица, во стариот дел на Сараево, а пред Вас се отвори врата над која пишува „Франц и Софи” ќе помислите дека минувате покрај парфимерија. Од неа се шири благ, овошен мирис што ги мами сите сетила, пренесува Радио Слободна Европа.

Всушност, пред Вас се отвара светот на чајот – чајџилница во која место традиционалните лековити травки можете да најдете избрани чаеви од целиот свет.

Аднан Смајиќ е сопственик на овој за многумина нов и волшебен свет.

– Чајот има многу заедничко со филозофијата на животот. На исток тоа е поврзано и со религијата, со будизмот, со зен будизмот. Неодамна прочитав прекрасна изрека ’Чајот е израз дека се наоѓам тука каде сум во моментот’. И навистина кога подготвувате чај, тогаш имате чувство во тие пет минути што ги одвојувате  за подготовка на чајот дека сте вие тој момент, вели Смајиќ.

Тој своето лекарско занимање го заменил со единственото на овие балкански простори – и стана „соммелиер“ за чај, и вели дека не му е жал.

– Во моментот кога решив да ја напуштам медицината, животната ситуација беше  сосема поинаква, беа поинакви и околностите – и чајот во тој момент кога тоа се случуваше некако дојде како пријател, како познаник, како едно мало збогатување на мојот живот. И тогаш тоа пријателство меѓу мене и чајот полека се развиваше, постепено. Имаше промашувања, но и убави моменти. Веројатно многу подобро финансиски ќе поминев доколку останев во старата професија, попрофитабилна е, особено со моите години,  веројатно ќе имав доста искуство како лекар, веројатно не ќе го имав ова што го имам сега, дискусхернија и 12 часа дневно работа и полусреден приватен живот, но не се покајав, раскажува Смајиќ.

Додека во Јапонија подготвувањето на чајот е уметност, во Англија традиција, во градот на кафепијачите до неодамна беше очајување. Но, се повеќе ги има оние кои се расположени своите сетила да му ги препуштат на чајот. Тоа го потврдуваат гостите, странците, а и домашните.

Исто како и виното, чајот бара да го сакате и да го бирате оној што најмногу ви лежи. Во откривањето на овој свет Смајиќ е и повеќе од расположен да помогне.

– Чај и вино е прекрасна компарација и јас често ја користам. Ние велиме дека имаме зелен чај, а всушност имате неколку стотици видови зелен чај и секој има свое име, свое презиме, регион од кој доаѓа, период на берба, година на берба – сето тоа влијае на квалитетот на чајот. И кога понекогаш некој кој навистина прв пат влегува во продавницата ќе каже: ’Дајте ми зелен чај’, ја велам ’За кој мислите?’ Она што е необично е дека луѓето често пати ме заменуваат со  тревар, продавница за билни препарати. Се случува, а особено затоа што сум медицинар, да ми дојдат дури и со лекарски наоди и да ме прашаат: ’А што јас да правам? Имате ли некакава мешавина за оваа болест?’

Кога некој ќе влезе, јас вршам некој вид лекарски преглед, ве прашувам што сакате, во кој правец да одиме, дали сакате многу кофеин. Барате едноставно, испитувате, со неколку прашања воспоставувам комуникација со лицето, гледам дали сака напитоци  кои се поинтензивни или нешто помирни. Некогаш се случува да отворам и 40 кутии и човекот да излезе без чај бидејќи ништо не му се  допаѓа, вели Смајиќ.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска