„Самоа Ер“, првиот авиопревозник што почна да наплатува билети според тежината на луѓето, а не за седиште, сега воведува посебна „XL“ класа за да им излезе во пресрет на покрупните патници.
Пацифичката национална авиокомпанија обезбеди пошироки редови во своите авиони за патниците кои се потешки од 130 килограми, бидејќи Самоа има најголем процент дебели луѓе на светот.
Седиштата ќе бидат проширени за 12 до 14 инчи, а новата класа ќе биде претставена кон крајот на неделата.
– Кога се наоѓате во воздухсо толкава килажа, традиционалното седиште ќе ви биде неудобно. Затоа на сцена стапува XL, изјави шефот на авиокомпанијата Крис Лангтон.
Патниците на „Самоа Ерлајнс“ не плаќаат директно седиште, туку фиксна цена по килограм тежина, која може да се разликува во зависност од рутата.