Ова вкусно јадење можете да го послужите како салата, но и како главно јадење …
Потребно е:
3 конзерви туна (вкупно: 240 гр)
480 гр црвен грав, сварен
1 црвена пиперка
1 зелена пиперка
380 гр пченка од конзерва
1 главица црвен кромид
сол и бибер
чили во прав
сок од 1 лимон
маслиново масло
Подготовка:
– Пченката исцедете ја под млаз ладна вода.
– Туната исцедете ја од маслото и ставете ја во длабок сад. Во неа, ставете ги сварениот грав и пченката.
– Пиперките и лукот исечете ги на парчиња слични како гравот и пченката. Ставете ги во туната.
– Измешајте и зачинете со сол, чили во прав и бибер. Ставете го сокот од лимон и ставете малку маслиново масло.
– Многу е важно да ја пробате салатата и да ја прилагодите според вашиот вкус (може на вас ќе ви фали повеќе лимонов сок, повеќе сол и сл.).