Уште една одлична освежителна салата која може да биде и комлетен ручек …
Потребно е:
1/2 сварено пиле
2-3 сварени моркови
100 гр шунка
30 гр суво грозје, омекнато во вода
50 гр пармезан, крупно рендан
1/2 страк праз
зелена салата
маслиново масло
лимон
сол, бибер
зачински тревки по желба: власец, магдонос, босилек
Подготовка:
– Сварете го пилето заедно со морковите (како да варите супа). Исцедете ја супата, а пилешкото месо исчистете го од коскитеи ситно исецкајте го. Морковите исецкајте ги на коцкички.
– Сувото грозје ставете го во топла вода и оставете го да набабри. Шунката исецкајте ја на ленти.
– Измијте ја салатата. Празот исецкајте го ситно.
– Подгответе го преливот за салатата. Маслиновото масло помешајте го со сокот од лимон и додадете сол и бибер, по вкус.
– На дно на секој сад за сервирање ставепте по неколку листови зелена салата. На салатата ставете од пилешкото месо, од сувото грозје кое претходно сте го исцедиле од вишокот вода, шунката и празот. Прелијте со преливот и посипете со изренданиот пармезан.
– Пред да ја спослужите убаво изладете ја салатата.