Сите вкусови одлично се согласуваат заедно …
Потребно е:
1 кг млади компири
300 гр смрзнат грашок
1 китка ротквички
70 гр млад спанаќ
3 млади кромидчиња
за преливот:
4 лажици маслиново масло
3 лажици сок од лимон
1 лажиче сенф
сол и бибер, по вкус
Подготовка:
– Големата тава од рерна обложете ја со хартија за печење.
– Компирите убаво измијте ги и поголемите исечете ги на половинки или четвртини, а помалите оставете ги цели. Распоредете ги во тавата, испрскајте ги со маслиново масло и посипете со малку сол. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 220 целзиусови степени 30-40 минути или додека да добијат златна боја. Извадете ги од рерна и оставете да се изладат.
– Грашокот кратко сварете го. Полијте го со ладна вода за да ја задржи грашокот зелената боја. Ротквичките исечете ги на половинки или четвртини, а кромидот на тркалца.
– Во еден сад измешајте ги сите состојки за преливот, додадете сол и бибер по вкус и пробајте. Ако е потребно додадете уште сол или бибер.
– Во голема чинија ставете ги компирите, додадете ги грашокот, ротквичките, спанаќот, кромидот и полека измешајте. Прелијте со преливот и повторно полека измешајте.
– Оваа салата послужете ја веднаш.