За денешниот ручек подгответе ја оваа колоритна салата …
Потребно е:
12 јајца од препелица
6-7 листови зелена салата
100 гр чадена печеница
100 гр пченка од конзерва
100 гр грашок од конзерва
2 лажици капари
1 лажиче бел вински оцет
1 лажиче масло од семки од грозје
морска сол
мелен бибер
рендан пармезан
Подготовка:
– Сварете ги јајцата, оставете да се изладат, излупете ги и секое јајце пресечете го на пола.
– Салатата исчистете ја, убаво измијте ја и искинете ја на помали парчиња. Ставете ги во една чинија. Посолете и посипете со масло и оцет. Убаво измешајте.
– Одозгора распоредете ги половина од исцедената пченка, исцедениот грашок и капарите.
– Половина од печеницата искинете ја на помали парчиња и ставете ги над зеленчукот во чинијата.
– Ставете половина од јајцата. Сега додадете го и остатокот од зеленчукот и остатокот од печеницата. Завршете со преостанатите јајца.
– По вкус додадете сол и бибер и посипете со рендан пармезан.