Салата со јајца и авокадо

Од:

Со оваа вкусна салата направете ги најубавите сендвичи…

Потребно е:
1 авокадо
2 тврдо варени јајца
3 млади кромидчиња
сок од лимон
сол, бибер
ситно сецкан магдонос
црн леб

Подготовка:
– Сварете ги јајцата, оставете да се изладат, излупете ги и исецкајте ги на мали коцки.

– Авокадото исецкајте го на коцки, прелијте го со сокот од лимон и изгмечете го вилушка но не потполно оставете да има мали грутчиња.

– Младите кромидчиња ситно исецкајте ги. Ситно исецкајте ги и магдоносот.

– Сите состојки ставете ги во една подлабока чинија, додадете сол и бибер по вкус и измешајте.

– Лебот или земичките малку потпечете ги во рерна, наполнете ги со салатата со јајца и авокадо и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска