Оваа салата може да биде и замена за оброк …
Потребно е:
250 гр тестенини
100 гр тенко сечена салама, по избор
1 китка босилек
150 гр сирење
4-5 чери домати
сол и бибер
вински оцет
маслиново масло
6-7 црни маслинки
Подготовка:
– Тестенините сварете ги во солена вода. Исцедете ги и исплакнете ги со ладна вода.
– Саламата исецкајте ја на долгнавести ленти, а сирењето на коцки. Исецкајте ги листовите босилек. Чери доматите исечете ги на половина. Извадете ги семките од маслинките.
– Во чинија за сервирање измешајте ги сите состојки.
– Во друг сад измешајте ги оцедот и маслото и зачинете со сол и бибер. Со овој прелив зачинете ја салатата.
– Измешајте ја и послужете.