Интересен спој на состојки …
Потребно е:
3 средни компири – испечени и изладени
1 среден страк праз
1 китка свеж власец
2-3 помали гранчиња свеж целер
3 тврдо варени јајца
100 гр мајонез
250 мл кисела павлака
сол, по вкус
Подготовка:
– Изладените компири исецкајте ги на коцки и ставете ги во чинија.
– Власецот и целерот ситно исецкајте ги и ставете ги во чинијата.
– Празот исецкајте го на тркалца и ставете го исто во чинијата.
– И јајцата ситно исецкајте ги и ставете ги во чинијата.
– Во чинијата додадете го мајонезот и павлаката, посолете и полека измешајте за да се спојат сите состојки.
– Пред да ја послужите салатата убаво изладете ја во фрижидер.