Свежи, крцкави моркови зачинети со лута пиперка и лук …
Потребно е:
400 гр моркови
1 печена лута пиперка
3-4 чешниња лук
1/2 лажиче сол
3 лажици оцет
5 лажици маслиново масло
полна рака сецкан свеж магдонос
Подготовка:
– Исчистете ги морковите и исечете ги на парчиња.
– Исчистете го лукот. Испечете ја пиперката и излупете ја.
– Сите состојки ставете ги во блендер и иситнете ги. Внимавајте да не претерате и да добиете намаз, морковот треба да остане во парчиња.
– Содржината префрлете ја во подлабок сад, посипете со сол и полијте со оцет и зејтин. Измешајте. Поклопете го садот и оставете го фрижидер неколку часа пред да ја послужите салатата.