САД: Пет неочекувани работи, кои можете да ги имате во куферите

Од:

Патувањето со авион денес е многу подостапно, отколку порано и многу патници не размислуваат за безбедносните ризици, кога ги пакуваат своите работи.

Меѓутоа без разлика на тоа дали мислите за безбедноста или не, овие безбедносни правила, кои важат во САД ќе ве изненадат.

Доколку би биле прашани, што е дозволено во кабините од авионот, запалка или украсна снежна топка, многумина до одговорот ќе се обидат да дојдат по патот на здрав разум. Меѓутоа запалката е дозволена доколку е во личниот багаж, но украсната снежна топка не е.

Доколку сувенирот има повеќе од сто милилитри течност, тогаш не е дозволено да се внесе во кабината на авионот.

Пушењето е забрането на комерцијалните летови во САД од 2000 година, но сепак е дозволено во авионот да се внесе запалка или кибрит. Тоа што е уште почудно е деталната листа на работи, кои можете да ги имате во чекираниот куфер.

И додека повеќето од овие работи не се опасни за останатите патници, се поставува прашањето – зошто?

Погледнете, кои од сите овие необични работи можете да ги имате во вашиот чекиран куфер во САД:

– сигнален пиштол, иако не е дозволено да имате и сигнални ракети

– лопата

– лак и стрела

– мечови

– електрично стапови за стока.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска