САД ја почнаа втората национална кампања за одвикнување од пушењето

Од:

Американските здравствени власти почнаа нова национална кампања за да ги поттикнат Американците да се откажат од пушењето.

Минатогодишната национална кампања против пушењето беше прогласена за успешна.

– Оваа втора кампања може да спаси човечки животи и да помогне при заштедата на многу пари, со тоа што ќе ги информира пушачите на едноставен и лесно разбирлив начин за штетноста од пушењето и ќе ги поттикне да се откажат, изјави американскиот министер за здравство Кетлин Сибелис.

Таа истакна дека голем број луѓе се јавуваат на телефонските линии на американските здравствени власти, отворени за совети за тоа како некој може да се откаже од пушењето.

Во кампањата минатата година, која траеше 12 недели, а за која властите потрошија 54 милиони долари, на телефонските линии се јавија 200 илјади лица.

Околу 70 проценти од пушачите во САД велат дека би сакале да се откажат од пушењето, покажуваат податоците на американските федерални центри за контрола и превенција на болести.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД