САД ги предупредуваат туристите да бидат внимателни меѓу египетските пирамиди

Од:

Американската амбасада во Каиро ги предупреди туристите дека не треба да ги посетуваат пирамидите во Гиза, освен ако не се во придружба на „водич од доверба“.

Сместени надвор од главниот град на Египет, пирамидите опстојуваат и по 4.000 години. Иако нивната важност, но и атрактивност е неспорна, треба да размислите дали да ги посетите, бидејќи кај нив има многукриминалци и „претерано агресивни продавачи“, а премалку полиција која од нив може да ве заштити, соопштува Амбасадата.

Според бројни изјави на туристи, во близина на пирамидите има премалку обезбедување или полиција. Граѓаните на САД треба да избегнуваат било какви ноќни обиколки и да одат само во придружба на водич комуможат да веруваат, стои во соопштението на Амбасадата.

Овие вести се лоши за туристите, но уште полоши за египатската влада, бидејќи во туристичкиот сектор се вработени неверојатните 18 милиони луѓе.

Во 2012 година оваа земја заработила 10,1 милијарди долари од туризмот, но во последните неколку години забележен е пад на посетите (2010 година, на пример, Египат заработи 14 милијарди долари од туризмот).

Од друга страна, Светскиот економски форум оваа држава ја оцени како најнебезбедна меѓу популарните туристички дестинации.

Овие предупредувања на Американската амбасада Египат ги оцени како „неосновани“, бидејќи земјата била „целосно безбедна“.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска