Убава идеја за денешниот ручек…
Потребно е:
500 г мешано мелено месо (говетско и свинско)
1 јајце
неколку лажици лебни трошки
3 млади кромидчиња, ситно сецкани
300 г шампињони, сецкани на ливчиња
2 поголеми кисели краставички, исечени на стапчиња
250 мл неутрална павлака
1 лажица брашно
1 лажица мелена црвена пиперка
1 лажица сенф
малку свеж магдонос
сол, бибер
масло
Подготовка:
– Во еден сад ставете ги месото, јајцето, малку сол, бибер и лебните трошки. Со раце замесете ја смесата да се соединат сите состојки.
– Од оваа смеса кинете мали парчиња и со раце обликувајте ќофтенциња.
– Ќофтенцињата ставете ги да се пржат на врело масло да поруменат од сите страни. Готовите ќофтиња ставете ги на една чинија.
– На истото масло (додадете малку масло ако е потребно) испржете го сецканиот млад кромид и печурките околу 5 минути.
– Пред крај додадете ги и сецканите кисели краставички, брашното, мелената црвена пиперка, сенфот и павлаката. Оставете да почне да врие и потоа додадете ги и ќофтенцата. Зачинете по вкус.
– Горната смеса пресипете ја во огноотпорна тава и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени 15-тина минути.
– Пред служење посипете со сецкан свеж магдонос.