Руските туристи почнаа да ја одбегнуваат Црна Гора

Од:

Во текот на изминатата година на црногорскиот јадрански брег имаше за половина помалку руски туристи отколку една година претходно, напиша белградски „Вечерње новости“.

Доколу црногoрските хотелиери и сопственици на приватни апартмани не го сменат односот кон досега најголемиот туристички пазар, следното лето ќе биде уште полошо. Русите неминовно ќе ги посакаат плажите на југот.

Конкретното барање за промени стигна во пресрет на Новата година од три водечки туроператори, кои на јужниот дел на Јадранот носат гости од Русија и другите земји на поранешниот СССР.

„R-Turs“, „Prometeus“ и „TUI Rusija“ од црногорските хотелиери побараа да ги намалат цените за сезоната 2015-та година. Нивните барања им беа претставени на министерот за туризам на Црна Гора, Бранимир Грозденовиќ.

Засега не е познато колку цените, според мислењето на оние кои најдобро знаат како дишат туристите од истокот, треба да се намалат. Но, простор за нивно намалување секако има и тоа многу. Аранжманите за рускиот пазар до сега беа повисоки дури и за 40 отсто во однос на оние што се нудат на западноевропските туристички клиенти.

Претседателот на Црногорското туристичко здружение и сопственик на елитниот хотел „Сплендид“ во Бечиќи, Жарко Радуловиќ, се согласува со неговите колеги дека не е добро да се потпираат само на еден пазар, туку дека треба да се бараат нови, но….

-Можно е да се надомести бројот на ноќевања од други пазари, но сигурно е дека ќе има помалку пари. Во текот на годината што ја испративме, имаше значително помалку руски туристи отколку во 2013 година, што секако ќе се одрази на вкупниот финансиски промет остварен лани во туризмот. Причината за тоа е што Русите повеќе плаќаа отколку другите, а беа и одлични потрошувачи, вели Радуловиќ.

Со првиот човек на Црногорскоот туристичко здружение се согласуваат и угостителите, сопственици на првокласните рибни и други ресторани, трговците и други. „Русите, велат во еден глас, се најдобри потрошувачи“.

Останува да се види каква реакција ќе следи од црногорската страна. Министерот Грозденовиќ е согласен дека треба да се сочува рускиот пазар и паралелно да се бараат и нови. Еден од предусловите, нагласи, е конурентноста со цените.

Тоа за што срамежливо се зборува и што хотелиерите и другите учесници во туристичките понуди го избегнуваат  е – политиката. А извесно е дека воведувањето санкции кон Русија, антируските графити на билбордите во Подгорица, покрај падот на рубљата, беа причините што влијаеја за текот на минатогодишната сезона на Црногорското приморје да има помалку Руси отколку претходната година.

За потсетување, Русите во последните неколку години беа најбројни на овој дел од брегот, земајќи ги во предвид и српските туристи кои повторно се на прво место. За тоа се зборуваше и во настапите на руските дипломати кои истакнуваат дека им е неразбирливо што толку лесно се заборави повеќевековното пријателство меѓу Русија и Црна Гора. Но и бизнисот…

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска