Уште еден стар традиционален рецепт подготвен без никаква маснотија освен маснотијата која ја има во оревите …
Потребно е:
250 гр шеќер
4 јајца
250 гр сецкани ореви
150 гр суво грозје
100 гр чоколадо
2 лажици меко брашно
Подготовка:
– Загрејте ја рерната на 160 целзиусови степени. Истопете го чоколадото на пареа и оставете да се излади.
– Пенесто изматете ги јајцата со шеќерот. Додадете го растопеното чоколадо и уште малку изматете.
– Оревите измешајте ги со брашното и сувото грозје и додадете ги во кремот од јајца, шеќер и чоколадо.
– Смесата сипете ја во помала тава (20х30 см) која претходно сте ја обложиле со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна околу 40 минути.
– Печениот колач оставете го да се излади, посипете го со какао во прав исечете го на коцки и послужете.