Русите се најиритантни туристи

Од:

Руситe сe најиритантни туристи бидејќи во текот на одморот се „гласни” и непристојни“, покажуваат резултатите од најновата анкета што се спроведе на тлото на Европа.

Времето на годишни одмори нуди можност за запознавање на луѓе од различни делови на светот кои можат да го подобрат нашиот одмор или да го уништат.

Порталот Zoover испита 12.000 туристи од 20 европски земји за тоа кои нации се најиритантни на одморите.

На првото место убедливо се Русите, за кои се изјасниле 42 отсто од испитаниците.

Во објаснувањата најчесто се наведувани описите „гласни“, „непристојни“ и „со лоши манири“.

На второ место се Германците со 17 отсто гласови, а на трето Британците со 13 отсто гласови.

Занимливо е дека најголем број Руси летуваат во Турција, а потоа во Египет и Шпанија.

Кога се во прашање Германците, првото место меѓу хит дестинациите го зазема Шпанија, која е следена од Турција и Италија. Кај Британците Шпанија е исто така на прво место, но на второто е Грција, следена од Италија.

Најдобри туристи се Австријците, Белгијците, Скандинавците и Грците.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска