Русија: На фарма ги лечат кравите од анксиозност со очила за виртуелна реалност

Од:

Руска фарма стана хит на Интернет откако беше објавено дека своите крави ги лекува од анксиозност со помош на очила за виртуелна реалност (ВР).

Нивните ВР системи се прилагодени на кравјите глави, а животните гледаат симулација на поле во лето, јави Би-Би-Си.

Московското Министерство за земјоделство и храна цитираше истражување кое ја покажа врската меѓу емотивното искуство на кравата и нејзиниот принос, односно млеко. Почетните тестови покажале дека постои врска меѓу „емоционалното расположение на целото стадо“.

Според соопштението на руското ресорно Министерство, ВР експериментот се спроведува на фармата РусМолеко во московскиот регион Раменски.

-Примери од млечни фарми од различни земји покажуваат дека во мирна атмосфера, количината на млеко, а понекогаш и квалитетот, значително се зголемува, велат од Министертсвото.

Доколку се покаже успешен, експериментот ќе се прошири и на другите фарми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Сред натпревар фудбалерите легнаа на теренот и од страв не сакаа да станат

Татјана Ташкова

Осумгодишник заработи 26 милиони долари во 2019 година

Татјана Ташкова

ВИДЕО: Мис Нигерија со својата реакција ги инспирира жените ширум светот

Татјана Ташкова

Како едно бебе заврши на суд заради долг од 13.000 евра?

Татјана Ташкова

ВИДЕО: Пијан ракун ги забавуваше посетителите на Божиќен панаѓур во Германија

Татјана Ташкова

Изнајмете „сестра“ за 135 долари: Клиентите ги бираат изгледот и локацијата

Татјана Ташкова