Лесен за подготовка, идеална комбинација на чоколадо и рум …
Потребно е:
300 гр компири
300 гр мелени плазма бисквити
200 гр чоколадо за готвење
140 гр путер
200 гр шеќер во прав
1 лажица какао во прав
2 лажици екстракт од рум
1 лажица масло
Подготовка:
– Сварете ги ислупените компири, исцедете ги и испасирајте ги.
– Во уште врелите компири додадете 100 гр чоколадо, 100 гр путер и мешајте додека да се истопат чоколадото и путерот.
– Потоа додадете ги бискитите, шеќерот во прав, какаото и румот и убаво измешајте. Вака подготвената смеса ставете ја во чинија за послужување (25х20 см) и рамномерно натапкајте ја на дното. Чинијата ставете ја во фрижидер и оставете да се стегне смесата.
– Во меѓувреме подгответе ја глазурата од чоколадо. Во сад на рингла ставете 40 гр путер, 100 гр чоколадо и 1 лажица масло и со постојано мешање затоплувајте ја смесата додека да се растопат сите состојки.
– Извадете ја чинијата од фрижидер и смесата прелијте ја со чоколадната глазура. Повторно ставете ја чинијата во фижидер и оставете ја да отстои преку ноќ за да се стегне убаво.
– Изладениот колач исечете го на парчиња и послужете го.