Ролнички со ориз

Од:

Како да го искористите преостанатиот ориз …

Потребно е:
16 парчиња шунка
8 парчиња некој топлив кашкавал (Ајдамер, Гауда, Трапист, …)
16 лажици сварен ориз

Подготовка:
– Прво сварете го оризот во вода со малку масло и сол.

– На работна површина ставете едно парче шунка (четвороаголно), одозгора тенко парче кашкавал па повторно парче шунка.

– Сега на шунката ставете 2 лажици од сварениот ориз и замотајте ги како ролнички.

– Истата постапка повторете ја со останатите состојки.

– Ролничките наредете ги во тава со споените краеви од доле.

– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 220 целзиусови степени додека шунката не стане крцкава , а кашкавалот да се растопи.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска