Пазарите се полни со тиквички …
Потребно е:
2-3 поголеми тиквички
2 поголеми домати
1 главица кромид
2 чешниња лук
250 гр шампињони
400 гр пилешко месо
маслиново масло
околу 150 гр гауда кашкавал
50 гр изрендан пармезан
1 мало луто пиперче
неколку гранчиња мајчина душичка
1 лажица исецкан свеж магдонос
сол и бибер, по вкус
малку лута мелена црвена пиперка
мелен сув зачин
Подготовка:
– Пилешкото месо измите го, очистете го од вишокот маснотија, отстранете ја кожата и ситно исецкајте го. Зачинете го со мелен сув зачин, бибер, прстофат лута мелена црвена пиперка, измешајте и оставете го да стои во фрижидер најмалку 1 час.
– Во поголема тава загрејте две лажици масло и пропржете го ситно сецканиот кромид околу 5 минути. Додадете го ситно сецканиот лук и пржете додека не пушти мирис, околу 1 минута.
– Додека се пржи кромидот исчистете ги шампињоните и исечете ги на мали коцки. Додадете ги во кромидот заедно со ситно сецканото луто пиперче. Измешајте.
– Потоа додадете ги шампињоните и пилешкото месо и продолжете да ги пржите додека не испари течноста што ќе ја пуштат шампињоните и додека не омекне пилешкото месо.
– Зачинете по вкус, додадете ситно сецкани магдонос и мајчина душичка, измешајте, оставете да се излади.
– Тиквичките измијте ги и исечете им ги врвовите. Со нож исечете ги на тенки листови по должина.
– Кашкавалот исечете го на мали стапчиња.
– Земете еден лист тиквичка и ставете една лажица фил, преку филот ставете едно парче кашкавал и замотајте го како ролничка. За да не се отвараат ролничките затворете ги со чепкалка за заби. Истата постапка повторете ја додека да го потрошите целиот материјал.
– Ролничките наредете ги во тава која претходно сте ја премачкале со малку масло.
– Доматите исечете ги на тенки листови и секое парче домат ставете го меѓу две тиквички. Прелијте ги со малку масло, посолете и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 30 минути.
– Извадете ги од рерна, посипете ги со рендан кашкавал и повторно вратете ги во рерна да се допечат уште 10-тина минути.
– Печените ролнички оставете ги малку да се изладат и послужете ги.