Ролати од телешко месо во сос – Braciole (традиционално италијанско јадење)

Од:

Интересен рецепт за едно познато италијанско јадење …

Потребно е:
800 гр телешки рамстек
100 гр пршута
4 рамни лажици лебни трошки
4 полни лажици рендан пармезан
1 китка магдонос
50 гр пињоли (семки од бор), кратко истостирани
2 лажичиња суво грозје
1 главица кромид
1 помал морков
1 стапче целер
1 чешне лук
1 чаша црвено вино
1 конзерва (400 гр) сецкани домати
1 лажиче шеќер
2 лажици сецкан свеж босилек

Подготовка:
– Месото исчукајте го со чук со дебелина од околу 5 мм и исечете го на 4 правоаголници.

– На секое парче месо ставете пршута така да го покрие целото месо.

– Одозгора посипете прво со лебни трошки, потоа со пармезан, па со ситно сецкан магдонос, пињоли и суво грозје. Сега секое парче месо замотајте го како ролат. Ролатите од месо заврзете ги со кујнски конец или прицврстете ги со чепкалки за заби за да не ви се отворат додека ги пржите.

– На загреана подлабока тава сипете 2 лажици маслиново масло и ставете ги да се пржат ролатите од месо. Пржете ги од сите страни додека не добијат златно-кафена боја.

– Гототвите парчиња месо извадете ги од тавата, а на истото масло пропржете ги околу 5 минути ситно сецканите кромид, морков, целер, лук и дршките магдонос.

– Во тавата додадете го виното и вратете ги ролатите од месо. Динстајте додека не ви се преполови количината вино во тавата.

– Сега додадете ги сецканите домати од конзерва, 1 чаша топла вода, сол, бибер, сецкан босилек, поклопете ја тавата. Оставете јадењето да се крчка на тивко околу 3 часа. На секој половина час превртете ги парчињата месо и по потреба досипете топла вода.

Послужување: Извадете го конецот од ролатите месо, пресечете ги на половина, посипете ги со сецкан свеж босилек и сервирајте ги над палента или сварени тестенини, кои сте ги прелиле со сос од домати.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска