Кога ви се јаде нешто слатко, а немате многу време за подготовка…
Потребно е:
за бисквитното тесто:
5 јајца
120 гр остро брашно
100 гр шеќер
2 лажичиња прашок за пециво
2 лажици рум
1 ванилин шеќер
за филување:
200 гр џем од сливи
шеќер во прав, за посипување
Подготовка:
– Одвоите ги белките од жолчките. Белките изматете ги во густ шлаг.
– Во друг сад пенесто изматете ги жолчките и шеќерот. Потоа додадете го брашното малку по малку и матете додека да добиете хомогена смеса. Потоа додадете ги румот, ванилиниот шеќер и прашокот за пециво и убаво измешајте.
– Во смесата со жолчки додадете ги изматените белки и полека измешајте со дрвена лажица.
– Тавата во која ќе го печете ролатот обложете ја со хартија за печење. На хартијата внимателно истурете ја подготвената смеса и израмнете. Ставете да се пече во загреана рерна на 190 целзиусови степени, 10-15 минути. Проверете со чепкалка за заби дали е печено тестото.
– Кога ќе биде печено тестото извадете ја тавата од рерна, оставете малку да се излади и внимателно одвоите ја хартијата од тестото. Тестото завиткајте го во мокра кујнска крпа и оставете сосема да се излади.
– Изладеното бисквитно тесто одмотајте го и премачкајте го со џем од сливи. Повторно замотајте го како ролат и ставете го во фрижидер.
– Пред да го послужите посипете го со шеќер во прав и исечете на парчиња.