Ролат од јагнешко месо

Од:

Збогатете ја велигденската трпеза со фино печено парче јагнешко месо…

Потребно е:
2 кг јагнешко месо од бут
2 лажичиња рузмарин
50 мл масло
3 чешниња лук
2 лажици сок од лимон
50 г тенко исечена пршута
1 лажица мелен сув зачин

за гарнир:
1 кг млад компир
150 г морков
100 г корен од целер
100 г корен од магдонос

Подготовка:
– Внимателно одвојте го јагнешкиот бут од коската. Таму каде што е подебело месото, истенчете го. Целото месо премачкајте го со мелен сув зачин, рузмарин и згмечен лук. Испрскајте го сок од лимон и преку наредете ја пршутата.

– Завиткајте го месото како ролат, заврзете го со конец за готвење, а од надвор посолете го малку. Во тава на рингла на малку масло запечете го месото од сите страни. Додадете го сечканиот коренест зеленчук и уште малку запечете го во тавата на рингла.

– Ролатот од месо и зеленчукот извадете ги од тавата и ставете ги во тава за печење во рерна, сипете околу 50 мл вода и покријте го со алуминиумска фолија.

– Ставете да се пече на 200 Целзиусови степени околу 45 минути.

– Исчистете го младиот компир и ставете малку да се вари (околу 5 минути). Исцедете го.

– Извадете ја тавата со јагнешкото месо од рерна, тргнете ја фолијата и додадете ги компирите, убаво измешајте и вратете ја во рерна да се допече месото уште 20-25 минути.

– Кога ролатот ќе се испече, оставете малку да се излади, исечете го конецот, исечете го на парчиња и послужете заедно со компирот и печениот зеленчук.

Идеја: Може да обарите и цветчиња брокула и карфиол. При сервирањето ќе дадат поголем колорит во чинијата со месото и компирот.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска