Рогачот има специфичен мирис кој на овој колач му дава неодолива арома …
Потребно е:
200 гр ситно мелен рогач
250 гр мелени бисквити
100 мл павлака за шлаг
100 мл млеко
1 пакетче ванилин шеќер
2 пакетчиња рум шеќер
100 гр кафеав шеќер
2 лажичиња изрендана кора од лимон
за глазурата:
1 лажица масло
100 гр црно чоколадо
3-4 лажици слатка павлака
Подготовка:
– Сомелете ги бисквитите и додадете ги мелениот рогач, изренданата кора од лимон и рум шеќерот. Убаво измешајте.
– Во сад на рингла ставете ги да се варат млекото, павлаката и шеќерот. Полека мешајте додека да се растопи шеќерот. Оваа смеса прелијте ја преку мелените бисквити и рогачот во прав. Измешајте убаво додека не добиете хомогена смеса.
– Тавата обложете ја со алуминиумска фолија. Сипете ја смесата и со раце убаво рамномерно натапкајте ја.
– Во сад на рингла растопете го чоколадото со 1 лажица масло и 3-4 лажици слатка павлака. Растопеното чоколадо прелијте го над бајадерата и ставете ја во фрижидер да се сегне.
Исечете ја на парчиња и послужете.