Дваесет и двегодишната муслиманска манекенка Халим Аден позираше за насловната страница на магазинот „Essence“ и со тоа стана првата жена со темна кожа во хиџаб на насловната страница на списанието.
Ahhh!! My first cover of 2020 and it’s for @essence !! A huge thank you to everyone who worked tirelessly on this historic 50th anniversary cover, I’m so thankful to be the first black hijab wearing woman to be featured on Essence! ♥️??? pic.twitter.com/JkqDxQciKr
— Halima Aden (@Kinglimaa) December 23, 2019
– За мене е важно да бидам впечатлива и да направам се што можам за да им објаснам на девојките дека не мора да го менуваат својот идентитет, истакна таа.
Патем, Халим е по потекло од Сомалија, а благодарение на договорот со агенцијата ING, таа направи неколку историски чекори последниве години.
Пред само три години, таа живееше во Америка и беше запаметена како прва натпреварувачка во Мис Минесота која се појави во хиџаб и буркини.
Таа е и првата жена што се појави на насловните страници на списанијата „Allure“ и „Vogue“ со својот хиџаб.
Халим е бегалка од Сомалија, и е родена во бегалски камп во Кенија. На шестгодишна возраст, таа се преселила во Минесота за да студира на Државниот универзитет.