Податоците говорат дека меѓу три до тринаесет од сто бремени жени водат борба со шеќерната болест, а за важноста на оваа битка говори фактот дека жените кои заболеле од дијабетис имаат поголем ризик за спонтан абортус, предвремено породување и оштетување на плодот. Децата на овие мајки кои се разболеле од дијабетис можат да се родат со зголемен ризик во текот на животот да заболат од дијабетис, дебелина или хипертензија.
Др. Мирослава Гојиќ- Дугалиќ професорка на катердата за гинекологија на Медицинскиот факултет во Белград во својата книга „Дијабетисот и бременоста“ објаснува дека шеќерната болест може да се појави во два облика прегастацион дијабетис кој настанува пред бременоста и гастацион дијабетис кој се развива за време на бременоста.
Таа истакнува дека дијабетисот е болест на современото време, време на вештачката и синтетичка храна, намаленото физичко движење и дебелината. Дијабетисот најчесто е заболување во урбанизираните и индустриски развиени делови од светот каде конзумирањето нездрава храна, намаленото физичко движење и хроничниот стрес заедно во комбинација ги создаваат условите за настанување на оваа болест.
„Стручњаците на Меѓународната федерација за дијабетис, кон крајот на 2011 година предупредија дека 366 милиони луѓе на светот заболеле од оваа болест, а иако постојат многу дијагностички и тераписки можности, како последица на оваа болест умираат 4,6 милиони луѓе годишно. Националните епидемиолошки податоци сведочат дека најмалку 350.000 луѓе во Србија боледуваат од дијабетис што претставува 5 отсто од популацијата. Дијабетисот во Србија е петта најчеста причина за смрт, а тоа е една од најголемите причини заради кои гинеколозите водат борба за секое бебе кое го носи мајка болна од дијабетис“, вели за Б92 Др. Мирослава Гојиќ- Дугалиќ.