Овесот е житарка која е здрава храна за срцето.
Овесната каша е богата со Б-витамини, јагленхидрати, влакна и бета-глукан, кои го намалуваат нивото на лошиот ЛДЛ холестерол.
Нутриционистите препорачуваат да се јаде колку што е можно повеќе овес. Овесната каша е најдобар начин да се започне денот.
Потребно е:
1 чаша овесни снегулки
1 чаша исецкани тиквички
1 чаша исецкан праз
2 чаши исецкани свежи печурки
2 чешниња лук, изгмечени
малку бибер
1 коцка за супа од зеленчук
1/2 чаша бело вино
1/2 чаша сецкани ореви
1/3 чаша сецкан свеж босилек
1 лажица маслиново масло
Подготовка:
– Во големо тенџере на загреано маслиново масло ставате ги тиквичките, празот, печурките, лукот и биберот и динстајте ги додека не омекнат.
– Во меѓувреме во помало тенџерче загрејте 1/2 л вода и додадете ја коцката за супа од зеленчук и виното да биде топло, но не да зоврие.
– Во супата од зеленчук додадете ги овесот и оревите и промешајте.
– Потоа 1/2 чаша од супата додадете кај зеленчукот и мешајте за да се соединат состојките. По извесно време повторно додадете од супата и промешајте.
– Варете ја содржината на тивко околу 20 минути со постојано мешање, односно додека не добиете кремасто рижото.
– Се служи топло, а одозгора се украсува со сецкан свеж босилек.