Рижото со карамелизиран кромид

Од:

Пробајте, посебно ако сте љубители на кромид …

Потребно е:
за рижотото:

300 гр ориз
1 главица кромид, ситно сецкан
100 мл бело вино
1 л домашна супа или 1 л супа од коцка
30 гр путер
пекорино сирење, количината по вкус
сол и бибер, по вкус
маслиново масло

за карамелизираниот кромид:
2 поголеми главици кромид, исецкани на полумесечинки
20 гр путер
2 лажици кафеав шеќер
2 лажици балсамиран оцет

Подготовка:
– Прво подгответе го карамелизираниот кромид. Кромидот исецкајте го на полумесечинки и пропржете го на малку маслиново масло и путер, околу 15 минути. Додадете шеќер, измешајте и оставете 1-2 минути да се карамелизира. Сипете го оцетот и динстајте додека да испари течноста, околу 5 минути. Тргнете го на страна.

– Во сад на рингла сипете маслиново масло, додадете 1 лажица путер и кога ќе се загрејат додадете го ситно сецканиот кромид.

– Кога ќе омекне додадете го оризот и него пржете го додека да стане стаклест.

– Сега сипете го виното и почекајте неколку минути да испари алкохолот. Тогаш почнете со постепено додавање на супата, но посстојано мешање. Смалете ја температурата. Ако оризот е уште несварен, а сте ја потрошиле супата додадете врела вода.

– На крај додадете го карамелизираниот кромид, путерот и изренданото пекорино сирење. Измешајте и оставете го неколку минути пред да го послужите.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска