Рим двојно ја зголемува туристичката такса

Од:

Градските власти на Рим одлучија да ја зголемат туристичката такса во хотелите во италијанскиот главен град, а во одредени случаи и повеќе од двојно да ја зголеми, со цел да се пополни испразнетиот градски буџет.

Хотелите со една и две ѕвезди ја зголемија туристичката такса за ден и по лице од две на три евра, што е раст од 50 проценти.

Во хотелите со три и четири ѕвезди таксата е зголемена за сто проценти, во тие со три ѕвезди од две на четири евра, а во тие со четири ѕвезди од три на шест евра.

Во луксузните хотели со пет ѕвезди туристичката такса се зголеми од три на седум евра, што е зголемување за 133 отсто.

– Дел од зголемување на таксата ќе послужи да се подобри приемот на туристи, како и за туристичка промоција на градот, се наведува на сајтот на градоначалникот на Рим.

Италијанската престолнина пати од хроничен недостиг на пари во градската каса, а најболна точка е јавниот превоз, кој со години бележи загуби.

Рим годишно го посетуваат над 12 милиони туристи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски

Несреќа во Италија: Во сообраќајка загина навивач на Ливерпул

Горан Наумовски