Атрактивната пејачка Ријана, ќе се претстави на „Фешн Вик“, кој ќе се одржи во средината на февруари, во Лондон со својата колекција „River Island“.
-Учеството на лондонската недела на мода за мене претставува остварување на сонот. Долго време сакав да дизајнирам своја колекција, но и да го презентирам своето дело. Среќна сум што имам привилегија тоа да го претставам на „Фешн Вик“ – изјави пејачката.