Ричард Бренсон побара спас од Ирма во винскиот подрум

Од:

Пред налетот на опасниот ураган Ирма, спас морал да побара и познатиот британски милијардер Ричард Бренсон, кој од застрашувачката непогодба, која го затекна на неговиот приватен остров Некер, еден од Британските девствени острови, се засолнил во својот вински подрум.

Основачот на „Вирџин“ групата напиша на својот блог дека одлучил да избегне евакуација и да остане на својот остров, како што правеше „три пати откако оттука минуваа урагани во изминатите 30 години“, објави Ју-Ес-Еј Тудеј.

Во пресрет на налетот на Ирма Бренсон ги повикал жителите на Британските девствени острови да побараат засолниште ако е тоа можно и да направат план.

Ноќта пред ураганот да го погоди и неговиот остров, Бренсон на Твитер објави дека со својот тим преспал во две простории, додавајќи дека така не спиел откако бил дете.

Во блогот подоцна напиша дека со тимот планира од ураганот да се засолни во вински подрум.

Би можело да ве интересира

„Вирџин галактик“ повторно продава билети за патување во Вселената

А1он

Пет лица починале во дом за стари лица во Флорида, откако останале без струја

Наум Локоски

Во налет на ураганот Ирма загинаа вкупно 55 луѓе

Ана Ололовска

Смислата за хумор не ги напушти жителите на Флорида за време на ураганот Ирма

Наум Локоски

Повеќе од 90 отсто од објектите на Свети Мартин се оштетени од ураганот Ирма

Наум Локоски

Ирма ослабна на ниво на тропско невреме

Ана Ололовска