Малку поинаку спремена риба …
Потребно е:
4 филети риба
сол и бибер, по вкус
за сосот:
1/2 главица кромид, ситно сецкан
2 чешниња лук
2 лажици маслиново масло
1 лажица ситно сецкан свеж магдонос
1/2 лажиче сол
1/2 чаша сос од домати
1/2 чаша вода
2 рамни лажичиња нишесте
и уште:
1 лажица ситно сецкан свеж магдонос
сок и рендана кора од 1/2 лимон
Подготовка:
– Измијте ги парчињата риба и исушете го со кујнска хартија. Посипете ги со сол и бибер од двете страни.
– Во тава (која може во рерна) на маслиново масло пропржете го околу 3 минути ситно сецканиот кромид. Потоа додадете го сецканиот лук и пржете уште 1 минута. Додадете сол, бибер и магдонос, а потоа и нишестето разматено во сосот од домати и вода. Динстајте неколку минути со постојано матење додека да се згусне.
– На сосот наредете ги парчињата риба, посипете со малку маслиново масло и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30 минути.
– Кога ќе биде готово, посипете го со сецкан магдонос, рендана кора од лимон и испрскајте со сок од лимон. Послужете го со прилог по желба.